Производи и услуги

Поголем увид, за помал ризик.

МКБ станува неизбежна алка на современото и сигурно работење. Нашите услугите ги задоволуваат потребите за водење посигурен и безбеден бизнис, служат како заштитен механизам во проценка на ризикот од работењето и помагаат полесно да се излезе на пазарот, да се најде сигурен клиент и деловен партнер, а ризикот да се сведе на минимум.

Производи



Услуги



Сопствен извештај




Сопствен извештај
е документ во писмена или електронска форма, изготвен од страна на МКБ, врз основа на собраните податоци за обврските на субјектите на податоци, физичко или правно.

Сопствениот извештај содржи потполни податоци за обврските на субјектот на податоци кои се однесуваат на видот и износот на обврските, редовноста во нивното исполнување, идентитетот на Давателите на податоци и идентитетот на Корисниците на податоци кои побарале извештај од МКБ во изминатата година за тој субјект на податоци. Податоците се однесуваат на обврски по кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комуналните давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.

Кориснички извештај






Кориснички извештај
Кориснички извештај е извештај што Корисник на податоци може да го побара за одреден субјект на податоци (физичко или правно лице) за да му послужи за донесување брзи и економски оправдани деловни одлуки.

Кориснички извештај може да побара само членка на МКБ.
МКБ може да подготви и да достави извештај до Корисник на податоци исклучиво врз основа на претходна согласност дадена од страна на субјектот на податоци во писмена форма, ако е физичко лице. Писмена согласност на субјектот на податоци не е потребна доколку МКБ постапува по писмено барање на суд. МКБ овој извештај го доставува во електронска форма, заштитен на начин така што да не биде читлив при пренос.

Корисникот на податоци сам го избира Корисничкиот извештај што ќе го побара од МКБ од понудените видови. Во продолжение примероци на Кориснички извештаи.

Мониторинг




Мониторингот е најнапредна алатка која овозможува редовно информирање за промените во статусот на клиентите. За успешно работење не е доволно да се добијат актуелни и релевантни информации само при првичната евалуација на потенцијалните клиенти. Потребно е секогаш да се знае фактичката состојба. Оваа услуга овозможува да се набљудува однесувањето на клиентите во реално време и воспоставување процедури за рано предупредување.

Корисниците на мониторинг услугата имаат можност за автоматско следење на дневно ниво, на неограничен број субјекти.
 
 ПРИДОБИВКИ:
  • Да се добијат првите знаци за промените во работењето на субјектот
  • Да се предвидат проблемите во работењето на субјектот пред да се случат
  • Да се преземат конкретни и навремени акции.

Алармен систем за известување на субјекти - АСИС







АСИС (Алармен систем за известување на субјекти) е информациска услуга на МКБ, која им овозможува на субјектите на податоци, да примаат e-mail пораки за состојбата и промените во нивното кредитно досие. МКБ испраќа пораки за промените настанати во кредитното досие на e-mail адресата на корисникот на услугата наведена во барањето за користење на услугата, односно на e-mail адресата внесена при регистрација на интернет порталот МОЈ.МКБ.
 
 Корисник на услугата може да биде секое правно и физичко лице кое: 
  • има активно електронско сандаче и
  • ќе избере една од понудените услуги

Рекламација




Рекламацијата е постапка која овозможува секое правно и физичко лице да ја оспори точноста или целосноста на податоците содржани во извештајот, откако ќе изврши увид во податоците во својот Сопствен извештај. Доколку проценува дека некои податоци се неточни или непотполни, на субјектот на кој се однесуваат податоците му се препорачува да рекламира и да ги оспори тие податоци.

Точност на податоците

За точноста на податоците се одговорни Давателите на податоци. Тие се должни да доставуваат целосни и точни податоци и редовно да вршат нивно коригирање и ажурирање.

Како може да се утврди постоење на неточен или непотполн податок?
Субјектот на податоци може да воочи неточен, неажурен или непотполн податок на 2 начини:
  • преку Сопствен извештај и во него увиди податок кој смета дека е неточен, неажурен или непотполн,
  • преку увид во кориснички извештај кој што членката на МКБ го повлекла за тоа лице.


Во тој случај може да поднесе Барање за исправка – дополнување на податоци во МКБ, која ќе биде проследена до Давателот на податоци од кого потекнува спорниот податок.

Во периодот од приемот на рекламацијата во МКБ до нејзиното разрешување сите извештаи кои Корисниците на податоци ќе ги добиваат ќе содржат информација дека обврската за која е поднесена рекламацијата е оспорена.

Давателот на податоци е должен проверката на податоците да ја заврши во рок од 10 дена од приемот на известувањето за оспорување на целосноста и/или точноста на податоците.

  • Доколку Давателот на податоци ја прифати рекламацијата од Субјектот на податоци, должен е да изврши исправка на податокот, а МКБ ги известува Корисниците на податоци кои повлекле извештај за Субјектот на податоците во последните 2 месеци, доставувајќи им нов коригиран извештај.
  • Доколку Давателот на податоци не ја прифаќа рекламацијата се отстранува забелешката „Оспорена обврска“ од извештаите и го известува Субјектот на податоци.
  • Доколку Давателот на податоците не одговори на рекламацијата во определениот рок од 10 дена, МКБ привремено ја брише оспорената обврска во извештајот, сe до добивање одговор од Давателот на податоци, а во извештајот ќе стои информација дека обврската (со наведување на нејзиниот референтен број) е во постапка на рекламација кај Давателот на податоци.
Кои податоци може да се оспорат?

Субјектот на податоци има право да оспори било кој личен податок или податок за обврска од извештајот, доколку смета дека е неточен или непотполн. Исклучок се оние лични податоци за чија промена Давателот на податоци не бил известен (пр. ако Субјектот на податоци не го известил Давателот за промена на адреса, презиме и слично). Во тој случај се смета дека Давателот на податоците доставил точен податок, бидејќи доставил последно важечки податок за кој бил известен. Затоа, оспорување на лични податоци е најдобро да се врши директно кај Давателот на податоците, кој доставил податоци за него во МКБ.