Физичко лице може да побара Сопствен извештај за себе по електронски пат на следната адреса baranje@mkb.mk.

Потребно е физичкото лице да поседува валиден електронски сертификат издаден од акредитирани издавачи на сертификати:
КИБС АД Скопје или Македонски Телеком АД Скопје.

Со помош на електронскиот сертификат издаден на име на физичкото лице кој поднесува Барање за Сопствен извештај, се утврдува идентитетот на тоа лице.
Со цел извештајот што се доставува во електронска форма да не биде читлив при преносот, МКБ го криптира извештајот со јавен клуч од електронскиот сертификат на физичкото лице, кој, тој, претходно го доставува до МКБ.

Доколку се користи MS Outlook, физичкото лице дигитално ја потпишува пораката преку која ги испраќа потребните документи на baranje@mkb.mk.

Доколку физичкото лице користи некој од бесплатните интернет провајдери како (yahoo, gmail, hotmail итн.), јавниот клуч го доставува така што ќе го потпише електронски само Барањето за Сопствен извештај.