Правното лице може да побара Сопствен извештај за себе по електронски пат на следната адреса baranje@mkb.mk.

Потребно е правното лице да поседува валиден електронски сертификат издаден од акредитирани издавачи на сертификати: КИБС АД Скопје или Македонски Телеком АД Скопје. Со помош на електронскиот сертификат издаден на име на правното лице кој поднесува Барање за Сопствен извештај, се утврдува идентитетот на овластеното лице на правното лице или идентитетот на друго вработено лице кај правното лице.

Со цел извештајот што се доставува во електронска форма да не биде читлив при преносот, МКБ го криптира извештајот со јавен клуч од електронскиот сертификат на овластеното лице или на другото вработено лице кај правното лице, кој, тој, претходно го доставува до МКБ.

Доколку се користи MS Outlook, овластеното лице или другото вработено лице кај правното лице дигитално ја потпишува пораката преку која ги испраќа потребните документи на baranje@mkb.mk.
Доколку овластеното лице или другото вработено лице кај правното лице користи некој од бесплатните интернет провајдери како (yahoo, gmail, hotmail итн.), јавниот клуч го доставува така што ќе го потпише електронски само Барањето за Сопствен извештај.