Плаќањето на Сопствениот извештај може да се изврши со ПП10, ПП30 во банка или пошта,
со е-банкарство или во просториите на МКБ со помош на платежна картичка.

По доставување на потребните документи, и идентификација на лицето со документ за лична идентификација,
извештајот веднаш се подига од страна на физичкото лице лично.

Физичко лице може да побара Сопствен извештај и преку полномошник, кој, задолжително, треба да приложи Полномошно заверено на нотар.
Ополномоштеното лице својот идентитет го докажува со документ за лична идентификација.

Содржината на полномошното може да се види овде.

Документите за лична идентификација служат само за увид и за утврдување на личниот идентитет. МКБ не прави фотокопија на истите и не ги задржува во досието на Субјектот на податоците.