Сопствен извештај за правни лица

Сопствен извештај е документ во писмена или електронска форма, изготвен од страна на МКБ, врз основа на собраните податоци за обврските на правните лица.

Сопствениот извештај содржи податоци за правното лице кои се однесуваат на обврски по кредити, жиранства, гаранции, акредитиви, заеми, трансакциски сметки, платежни картички, финансиски лизинг, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комуналните давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.

Сопствениот извештај го содржи идентитетот на сите Даватели на податоци, како и идентитетот на сите Корисници на податоци кои побарале извештај од МКБ во изминатата година за тоа правно лице.


Кој може да побара Сопствен извештај?

Сопствен извештај може да побара само овластеното лице на правното лице.

Овластеното лице на правното лице може да побара Сопствен извештај и преку друго вработено лице, кое, задолжително, треба да приложи Полномошно потпишано од лицето овластено за застапување и заверено со печат.

Сопствениот извештај може да се побара неограничен број пати и не е потребно да се дава причина или објаснување зошто се бара.

 

Со едно Барање може да се бара само еден Сопствен извештај.


Како да платам и да доставам документи?

Плаќањето на Сопствениот извештај може да се изврши со ПП30 во банка,
со е-банкарство или во просториите на МКБ со помош на платежна картичка.

По доставување на потребните документи, извештајот веднаш се подига од страна на лицето овластено за застапување или друго вработено лице. Лицето овластено за застапување својот идентитет го докажува со документ за лична идентификација. Ако Сопствениот извештај го подига друго вработено лице, тоа својот идентитет го докажува со документ за лична идентификација и предочува потпишано полномошно од лицето овластено за застапување и заверено со печат.

Содржината на полномошното може да се види овде

Документите за лична идентификација служат само за увид и за утврдување на личниот идентитет. МКБ не прави фотокопија на истите и не ги задржува во досието на Субјектот на податоци