ЗОШТО ДА БИДЕТЕ МКБ ЧЛЕНКА


За да одлучувате со сигурност! Придобивка која може да Ви ја донесе само членувањето во МКБ

Ќе ги користите податоците, производите и услугите на МКБ кои ќе Ви помагаат да имате увид во моменталната задолженост и платежните навики на Вашите сегашни и потенцијални деловни соработници и да не правите грешки во проценка на нивната солвентност.

На тој начин,
  • Ќе одржувате контрола врз ликвидноста на Вашиот бизнис, ќе го подобрите својот паричен тек и финансиските резултати.
  • Ќе избегнете неплатени фактури и ќе го намалите ризикот од генерирање нови ненаплатливи побарувања,
  • Ќе ја унапредите продажбата преку градењето здрав финансиски однос во текот на преговорите со постојните или потенцијалните соработници.
  • Ќе ја дознаете причината зошто Вашиот соработник почнал да доцни, или, уште полошо, ако целосно престанал да ги измирува обврските кон Вас, за да можете да одлучите како ќе постапувате натаму.
  • Ќе добиете бесплатна поддршка од нашите аналитичари при толкување на извештаите.
Дополнително, ќе имате единствена можност на македонскиот пазар да Пријавите Побарувања и да ја зголемите наплатата на Вашите побарувања.

Ненаплатливите побарувања можат да бидат закана за опстанокот на Вашата компанија. За успешно да се соочите со последиците од лошите практики на плаќање и неплаќање – најчесто во форма на загубена добивка и проблеми со ликвидноста и за да ја вратите ликвидноста назад во економскиот циклус, пријавете ги Вашите побарувања во МКБ.

  
КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ЧЛЕНКА ВО МКБ



Членки на МКБ можат да бидат

  • банки, филијали на странски банки и филијали на банки од земји членки на Европската унија;
  • штедилници;
  • осигурителни друштва;
  • друштва за финансиски лизинг;
  • други даватели на кредити;
  • финансиски друштва;
  • друштва за работа со платежни картички;
  • Управата за јавни приходи;
  • Централниот регистар на Република Македонија;
  • Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија;
  • градот Скопје и единиците на локална самоуправа;
  • даватели на услуги од областа на комуналните дејности, енергетиката, телекомуникациите;
  • други правни лица кои даваат услуги по основ на кои настануваат обврски за правните и физичките лица; и
  • физички лица кои не се сметаат за трговци согласно Законот за трговски друштва.

Членката на МКБ станува Давател на податоци во МКБ и Корисник на податоци од МКБ.


Давател на податоци во МКБ

Давател на податоци е секое лице кое доставува податоци за обврските на физичките и правните лица до МКБ.

Давателите на податоци доставуваат податоци што ги стекнале исклучиво при извршување на своите редовни работи, како вршење одредена услуга или давање производ.

Доставувањето на податоците до МКБ, согласно Законот за кредитно биро, не се смета за повреда на банкарска, даночна или деловна тајна.

Давателите на податоци ги доставуваат податоците во електронска форма, заштитени на начин така што да не бидат читливи при преносот.

Информации за правата и обврските на Давателите на податоци


Корисник на податоци во МКБ

Корисник на податоци е лице кое ги користи извештаите од МКБ, односно на кое му се доставуваат извештаи заради извршување на редовни работи.

 

Корисници на податоци можат да бидат:

  • Давателите на податоци, освен Управата за јавни приходи, Централниот регистар на Република Македонија, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, градот Скопје и единиците на локална самоуправа; и
  • Субјектите на податоци.
Информации за правата и обврските на Корисниците на податоци.

 

5 ГЛАВНИ ПРИЧИНИ ЗОШТО МКБ


5 главни причини зошто МКБ

Нашата база на податоци можат да ја полнат и користат банки, штедилници, осигурителни друштва, друштва за финансиски лизинг, други даватели на кредити, финансиски друштва, друштва за работа со платежни картички, Управата за јавни приходи, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, градот Скопје и единиците на локална самоуправа, даватели на услуги од областа на комуналните дејности, енергетиката, телекомуникациите, други правни лица кои даваат услуги по основ на кои настануваат обврски за правните и физичките лица и физички лица кои не се сметаат за трговци согласно Закон за трговски друштва.

Располагаме со податоци кои се ажурираат на дневно, а некои од нив на месечно ниво.

За неколку секунди ќе ги имате најновите податоци за правните и физичките лица во Република Македонија. Како наша членка може до бараните податоци да дојдете брзо и на едноставен начин кога тоа вам ви одговара. Системот на МКБ работи 24/7.

МКБ ги исполни сите законски и подзаконски барања за сигурност и заштита на личните податоци и има добиено согласност од Дирекцијата за заштита на личните податоци на своите акти во делот кој се однесува на заштитата на личните податоци.

Наша трајна определба е да ги донесеме на домашниот пазар услугите што ги нудат софистицираните кредитни бироа од развиените земји.

Надоместоци за извршени услуги
ПАКЕТИ ЗА ЧЛЕНКИ

1.000 ден./ месечно

ОСНОВЕН ПАКЕТ
  • МКБ.ИМПУЛС интернет платформа
  • Стандард извештаj
  • 1 бесплатен Сопствен извештај годишно
  • Користење на сопствен мониторинг





2.500 ден./ месечно

МЕДИУМ ПАКЕТ
  • МКБ.ИМПУЛС интернет платформа
  • 10 бесплатни Стандард извештаи месечно
  • 2 бесплатни Сопствен извештаи годишно
  • Користење на сопствен мониторинг





5.000 ден./ месечно

ПРЕМИУМ ПАКЕТ
  • МКБ.ИМПУЛС интернет платформа
  • 25 бесплатни Стандард извештаи месечно
  • 4 бесплатни Сопствен извештаи годишно
  • Користење на сопствен мониторинг






МКБ.ИМПУЛС
е интернет платформа за пристап на членките до бесплатно софтверско решение за размена на податоци.
Стандард извештај
е извештај во кој се прикажува фактичката состојба на обврските на едно правно или физичко лице од Република Македонија, врз основа на добиените податоци од давателите на податоци.

Цената на секој повлечен, односно дополнително повлечен Стандард извештај е 300 ден. плус ДДВ од 18 %.
Сопствен извештај
е извештај кој го побарува правното лице за себе и во кој се прикажува фактичката состојба на обврските врз основа на добиените податоци од давателите на податоци.

Цената на секој дополнително повлечен Сопствен извештај во годината е 800 ден. плус ДДВ од 18 %.


Сопствен мониторинг
е услуга која овозможува на членката да добива известувања за промените во своето кредитно досие, кои се однесуваат на: нова обврска, затворање на обврска, пријава на жирант и/или кокредитобарател, пријава на активиран жирант и/или кокредитобарател, затворање на жирантство и/или кокредитобарател, блокада на сметки и картички, деблокада на сметки и картички, неплатена обврска со доцнење од 30 до 60 дена, неплатена обврска со доцнење од 60 до 90 дена и неплатена обврска со доцнење над 90 дена.

КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕНКА ВО МКБ

Со склучувањето Договор за регулирање на меѓусебните права и обврски и пополнување на Формуларот за членување во Македонско кредитно биро станувате Членка на МКБ. Се што треба да направите е да ги отпечатите Договорот и Формуларот, архивски да ги заверите и потпишани да ги доставите на адреса на МКБ. Или доколку имате дополнителни прашања може да не контактирате на телефон 02/3251-291.