АСИС (Алармен Систем за Известување Субјекти) претставува иновативен систем за следење на сите промени во податоците кои се однесуваат само за Вас, а се во врска со Вашите кредитни обврски, трансакциски сметки, платежни картички, жирантства и сл. АСИС се базира на континуирано следење на промените кои можат да предизвикаат потенцијален проблем за Вашата компанија. Основната идеја на која е создадена оваа услуга е информираност во реално време.

Системот автоматски ќе Ве алармира со испраќање електронска порака за настанатите промени во податоците кои бараат Ваша брза реакција. Дали сте сигурни кога достасала ратата за отплата на кредитот или кога Вашиот кредит станал нефункционален? Дали знаете дека Вашата компанија е ставена како жирант без Ваше знаење? Дали го знаете статусот на Вашите платежни картички?... и многу повеќе информации од ова....

Бидете секогаш во предност. Оставете ние да се грижиме за Вас.

Промени во кредитното портфолио за кои Ве известуваме:

1. нова обврска,
2. затворање на обврска,
3. пријава на жирант и/или кокредитобарател,
4. пријава на активиран жирант и/или кокредитобарател,
5. затворање на жирантство и/или кокредитобарател,
6. блокада на сметки и картички,
7. деблокада на сметки и картички
8. неплатена обврска со доцнење од 30-60 дена,
9. неплатена обврска со доцнење од 60-90 дена,
10. неплатена обврска со доцнење над 90 дена,

Се што треба да направите е

• да се регистрирате тука
• да избере една од понудените услуги
• да ги прифатите Општите услови за користење на услугите и
• да извршите уплата на еден од понудените начини