Посебна платформа за размена на податоци

МКБ.ИМПУЛС е ефикасна интернет платформа која Ви ги става на дофат на рака најквалитетните податоци за фирмите во Република Македонија за да одлучите со сигурност. Одлучувањето врз основа на шпекулативни информации, сега може да биде минато.

МКБ.ИМПУЛС создава додадена вредност за Вашиот бизнис, овозможувајќи:
 
  • Пристап до дневно ажурни податоци за задолженоста на фирмите и за редовноста/навиките во измирувањето на обврските.
  • Сигурност во одлучувањето и правилен избор на потенцијалните клиенти. Ако Вашиот потенцијален клиент има неизмирени обврски кон други, зошто би бил редовен во измирувањето на обврските кон Вас?
  • Брзо, безбедно и едноставно користење, 24/7, кога Вам тоа Ви одговара.


ПРИДОБИВКИ

  • Наједноставен начин за да одржите контрола врз ликвидноста на Вашиот бизнис, да го подобрите својот паричен тек и финансиските резултати.
  • Најефикасен начин да избегнете неплатени фактури и да го намалите ризикот од генерирање нови ненаплатливи побарувања,
  • - Поддршка на продажбата при градењето здрав финансиски однос во текот на преговорите со постојните или потенцијалните клиенти.
  • Едноставна примена и поддршка од нашите аналитичари при толкување на извештаите.
Истовремено, преку оваа интернет платформа, Вие имате единствена можност на македонскиот пазар да
Пријавите Побарување
Ненаплатливите побарувања се закана за опстанокот на компаниите. Компаниите се соочуваат со последиците од лошите практики на плаќање и неплаќање – најчесто во форма на загубена добивка и проблеми со ликвидноста. За да ја вратите ликвидноста назад во економскиот циклус, пријавете ги Вашите побарувања во МКБ.