Членувањето во МКБ не е поврзано со желба, туку со потреба

Притиснати од тежината на внатрешниот долг, слабата наплата и неликвидноста како директна последица од тоа, стопанствениците од нас бараат да објавуваме листа на фирми што се лоши плаќачи. Ние Ви препорачуваме поефикасно решение: Станете членка во МКБ и изградете нов деловен стил. Ќе стекнете навика да го заштитувате Вашиот бизнис затоа што ќе имате можност добро го запознаете секој Ваш потенцијален клиент или деловен партнер за да бидете сигурни дека тие нема да го загрозат Вашето работење. Дали сте од оние што им веруваат на своите соработници? Заборавете и на таа стара навика. Дали знаете дека дури 80% од ненаплатените побарувања потекнуваат од постојните соработници? Ние, Ви препорачуваме редовно да ги следите промените што се случуваат кај Вашите соработници. Со стапувањето во сила на Законот за финансиска дисциплина уште повеќе се зголемува важноста да соработувате со оние што навремено ќе Ви платат за да не бидете доведени во ситуација Вие да станете должник. Секогаш имајте предвид дека наплатата почнува пред продажбата.