МКБ Поглед

За да одлучите со сигурност

МКБ е првото и единствено кредитно биро во Република Македонија кое делува со цел на нашите корисници да им овозможиме безбедно деловно опкружување и сигурно чекорење низ процесот на деловното одлучување и унапредување на работењето. Основано е врз основа на посебен Закон за кредитно биро (Сл. Весник на РМ бр.81/2008, 24/2011 и 166/2014) од страна на Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД Скопје), како друштво во сопственост на банките.

Повеќе     

Визија


Нашата визија е да бидеме партнер од доверба за нашите корисници за тие сигурно да одлучуваат и успешно ја градат својата иднина.


Мисија

Нашата мисија е да обезбедиме висококвалитетни информации и услуги кои ќе им помогнат на нашите корисници да ја одржат својата ликвидност и успешно да ги контролираат финансиските ризици.

Хронологија на поважни настани

  • Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија расправаше за потребата да се основа нова институција, а банките да се јават како основачи на првото приватно кредитно биро во Република Македонија со цел да се забрза процесот на заокружување на финансискиот систем и подобри кредитната информираност на банките за донесување ефикасни кредитни одлуки при минимум кредитни ризици.
  • Донесен Закон за кредитно биро (Сл. Весник на РМ бр.81/2008), со што се создаде правна рамка за основање кредитно биро.
  • Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија усвои Заклучок Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС), како друштво основано од банките, да се јави како основач на првото приватно кредитно биро во Република Македонија.
  • Одржано основачкото собрание на МКБ и избрани органите на управување.
  • Друштвото со назив Македонско кредитно биро АД Скопје беше регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија како посебно правно лице на 24.12.2008 година.
  • Изготвени техничко – технолошките решенија за работа на МКБ.
  • Дирекцијата за заштита на личните податоци даде согласност на актите за работа во делот што се однесува на заштитата на личните податоци.
  • Воспоставен софистициран систем за рекламација на податоци.
  • МКБ започна со собирање податоци од своите членки и креирање на сопствената база на податоци.
  • МКБ ја публикува својата јавна интернет страница www.mkb.mk.
  • МКБ започна со издавање извештаи за задолженоста и редовноста во измирувањето на обврските на субјектите на податоци (физички и правни лица) и редовноста во нивното измирување.
  • Воведена нова услуга за членките - Мониторинг.
  • Издаден првиот број на МКБ ФАКТОР, информативен магазин на МКБ.
  • Објавен првиот извештај на Светска банка Дуинг бизнис во кој се вреднуваше особениот напредок на Република Македонија во сегментот пристап до кредити.
  • Креирано ново техничко решение, за размена на податоци со правни лица – членки на МКБ.
  • Унапреден е квалитетот на производите и на базата на податоци.
  • Усвоен е Закон за изменување и дополнување на Законот за кредитно биро (Сл. Весник на РМ бр. 166/2014).
  • Унапреден е изгледот и функционалноста на www.mkb.mk
  • Креирана е нова интернет платформа МОЈ.МКБ за физички и правни лица, за поднесување е-Барање за добивање на сопствени извештаи.
  • Воведена е нова информациска услуга АСИС за автоматско испраќање e-пораки за следење на состојбата и промените во кредитното досие на субјектите.
  • Формиран е Комитет за иновации како посебно работно тело.
Одбор на директори

Благица Здравковска

Претседател на Одборот на директори


м-р Тони Трајанов

извршен член на Одборот на директори и
Главен извршен директор на МКБ



д-р Зоранчо Алексов

неизвршен и независен член на Одборот на директори

Правна рамка
Публикации