10 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ НА МКБ – 28.11.2018

На 29.11.2018 година во хотел Мериот во Скопје МКБ го одбележа својот десетгодишен јубилеј со организирање свечен настан за своите членки, деловни партнери и соработници. На настанот беа присутни претставници од банките, телекомуникациските оператори, финансиските друштва, државните институции и други соработници. На истиот се доделија и благодарници на Клириншката куќа КИБС АД Скопје која е основач и сопственик на МКБ, на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА и на првиот Главен извршен директор на МКБ, г-ѓа Славица Богоева.