ДЕНОВИ НА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ – 28.05.2019

На 28.05.2019 МКБ зема учество на настанот денови на финансиска писменост организирано од страна на Министерство за финансии, чија цел е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголеми свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги. Настанот се оддржа пред платото на Министерството за финансии, и го посетија преку 300 ученици од основните и средните училишта, како и голем број на заинтересирани граѓани.