Пуштена во употреба нова редизајнирана веб страница на МКБ

МКБ на ден 01.10.2019 година ја пушти во употреба својата нова редизајнирана веб страница. Адресата на веб страницата е непроменета www.mkb.mk и делот наменет за онлајн корисниците на услугите на МКБ останува непроменет https://moj.mkb.mk
Веб страницата е комплетно редизајнирана, има нова структура на содржините, пократки и појасни информации за извештаите со примероци од истите и користењето на истата е значајно олеснето. Целта на новиот дизајн е на прегледен и едноставен начин да се презентираат информациите од работењето на Кредитното биро.
За сите кои веќе имаат отворено свој личен профил и понатаму е достапен МОЈ.МКБ порталот,
како интегриран дел од страната на МКБ. Додека новите корисници – физички и правни лица, за онлајн користењето на нашите услуги задолжително претходно треба да се регистрираат како нови корисници.