МКБ – членка на АЕТМ учествуваше на Втората годишна конференција за е-трговија

МКБ стана членка на АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА Е-ТРГОВИЈА НА МАКЕДОНИЈА – АЕТМ, прва и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. МКБ придонесува за зголемување на е-трговскиот развој и успех на земјата со услугите што ги нуди преку е-продавницата МОЈ.МКБ.

МКБ учествуваше на Втората годишна конференција за е-трговија со тема “Бизнис раст со е-трговија” која се одржа на 25ти Октомври во Double Tree by Hilton. На конференцијата во улога на говорници и модератори се јавија претставници од успешни фирми и претприемачи од целиот свет кои го пренесоа своето огромно искуство од областа на е-трговијата и притоа ги презентираа придобивките од истата во своето работење.