Македонско кредитно биро

Вистински информации - Сигурни планови!

Дома АСИС(правни лица)

АСИС

АСИС (Алармен систем за известување на субјекти) е информациска услуга на МКБ, која им овозможува на субјектите на податоци, да примаат e-mail пораки за состојбата и промените во нивното кредитно досие. МКБ испраќа пораки за:
1. нова обврска (кредит, кредитни картички, дозволено пречекорување на трансакциска сметка и сл.)
2. затворање на обврска,
3. пријава на жирант и/или кокредитобарател,
4. пријава на активиран жирант и/или кокредитобарател,
5. затворање на жирантство и/или кокредитобарател,
6. блокада на сметки и картички,
7. деблокада на сметки и картички
8. неплатена обврска со доцнење од 30-60 дена,
9. неплатена обврска со доцнење од 60-90 дена,
10. неплатена обврска со доцнење над 90 дена.

Пораките се испраќаат на e-mail адресата на корисникот внесена при регистрација на интернет порталот МОЈ.МКБ.

Сите правни лица претплатени на услугата АСИС за 3, 6 или 12 месеци имаат можност да го купат Сопствениот извештај по повластена цена од 700,00 денари за времетраење на претплатата. По истекот на претплатата износот на Сопствениот извештај се враќа на регуларната цена утврдена со Тарифата на МКБ.

АСИС 3

3 месеци
600,00 ден

АСИС 6

6 месеци
900,00 ден

АСИС 12

12 месеци
1.200,00 ден