АСИС

Алармен систем

АСИС (Алармен систем за известување на субјекти) е услуга која им овозможува на субјектите на податоци, да примаат e-mail пораки за состојбата и за промените во нивното кредитно досие. Промени за кои се добиваат известувања:

   1. Нова обврска
   2. Затворање на обврска
   3. Нова обврска како жирант или кокредитобарател
   4. Промена во активиран жирант или кокредитобарател
   5. Затворање на обврска како жирант или кокредитобарател
   6. Неплатени обврски со доцнење над 30 дена
   7. Неплатени обврски на кредитен корисник над 90 дена на кои сте жирант или кокредитобарател
   8. Побаран извештај за Вашата задолженост (при аплицирање за услуга)
Промените се чуваат за последните 5 години од првата претплата на пакет. Евидентираните промени се прикажуваат и доколку пакетот е неактивен.

*Под обврска се подразбираат обврски за кредити, лизинг, гаранции, акредитиви, кредитни картички, лимити на трансакциски сметки, девизни сметки, даноци, придонеси, телекомуникациски услуги, откупени побарувања, фактури за комунални и останати услуги.

Пораките се испраќаат на e-mail адресата на корисникот внесена при регистрација на интернет порталот Мој.МКБ МојМКБ (mkb.mk).

Our Clients pic 2