Извештај за блокада
Извештајот за блокада на трансакциска сметка содржи податоци во реално време за тоа дали трансакциската сметка е блокирана или не. Доколку е блокирана, наведени се континуирани денови на блокада со детали за сите блокади и тоа: број на предмет за блокадата, во која банка е блокадата, број на сметка, износ на блокадата, основ на блокадата и датум и време кога е извршена блокадата. Податокот за блокада на трансакциска сметка од Единствениот регистар на трансакциски сметки се добива во реално време, односно во моментот на генерирање на извештајот.
Секое правно лице може да побара и добие Извештај за блокада на трансакциска сметка само за својата компанија.
Извештајот за блокада на трансакциска сметка се добива онлајн преку МОЈ.МКБ порталот со отворање личен кориснички профил на следниот линк, или лично во било која експозитура на Централна Кооперативна банка АД Скопје, ширум земјата.
Цената на Извештајот за блокада на трансакциска сметка за правни лица изнесува 100,00 ден.