Македонско кредитно биро

Вистински информации - Сигурни планови!

Дома КОРЕКЦИЈА НА ПОДАТОЦИ

Корекција на податоци

Корекција на податоци, односно рекламација е постапка која овозможува секое физичко и правно лице да ја оспори точноста или целосноста на податоците содржани во својот Сопствен извештај. Доколку проценува дека некои податоци се неточни или непотполни, на субјектот на кој се однесуваат податоците му се препорачува да рекламира и да ги оспори тие податоци.
Точност на податоците
За точноста на податоците се одговорни Давателите на податоци. Тие се должни да доставуваат целосни и точни податоци и редовно да вршат нивно корегирање и ажурирање.
Како може да се утврди постоење на неточен или непотполн податок?
Субјектот на податоци може да воочи неточен, неажурен или непотполн податок на 2 начини: преку Сопствен извештај и преку увид во кориснички извештај кој што членката на МКБ го повлекла за тоа лице. Во тој случај субјектот на податоци може да поднесе Барање за исправка – дополнување на податоци во МКБ, кое ќе биде проследено до Давателот на податоци од кого потекнува спорниот податок.
Во периодот од приемот на рекламацијата во МКБ до нејзиното разрешување сите извештаи кои Корисниците на податоци ќе ги добиваат ќе содржат информација дека обврската за која е поднесена рекламацијата е оспорена.