Македонско кредитно биро

Вистински информации - Сигурни планови!

Дома Корпоративен извештај

Корпоративен извештај

Извештај за бонитет кој овозможува брз и лесен пристап до податоци за сегашните и/или потенцијални деловни партнери.
Наша цел е со Корпоративниот извештај да ви овозможиме брз и лесен пристап до податоци кои ќе Ви помогнат да донесувате подобри бизнис одлуки, да ги подобрите секојдневното работење, да ја зголемите продажбата и да го намалите ризикот преку селекција на солвентни клиенти и партнери. Побарајте Корпоративен извештај и добијте ги сите релевантни податоци за:

1. Семафор-индикатор кој ја покажува деловната подобност во 3 бои (зелена, жолта и црвена). Оценката која боја ќе му припадне на субјектот се одредува според однапред одредени критериуми, меѓу кои се правниот статус на компанијата од аспект на тоа дали е активна, во блокада на трансакциска сметка во реално време, финансиските показатели од работењето, задолженоста и редовноста во подмирувањето на обврските и сл.

2. Задолженост и редовност во подмирувањето на обврските, кои се ажурираат на дневно и месечно ниво (извор на податоци е базата на МКБ)

3. Податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време, кои се ажурираат во моментот на генерирање на извештајот (извор на податоци е Единствениот регистар на трансакциски сметки)

4. Тековни состојби на правни субјекти во реално време, кои се ажурираат во моментот на генерирање на извештајот

5. Годишни сметки на правни лица, кои се ажурираат по изминување на законскиот рок за достава на годишни сметки во Централен регистар на Република Македонија

Извештајот може да се користи без претплата поединечно или со избор на некои од подолунаведените пакети.

Како до Корпоративен извештај?

Регистрирајте се како правен субјект на нашата платформа МОЈ.МКБ

и потпишете

Договор со МКБ

Договорот пополнете го со податоци за компанијата, потпишете го и скениран доставете го на info@mkb.mk. Оригиналниот Договор во 2 примероци доставете го на нашата адреса:
бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1 , 5 кат, 1000 Скопје, Р. Македонија.

Корпоративен извештај (Примерок 1)
Корпоративен извештај (Примерок 2)

Основен корпоративен пакет

ПРОМОТИВНА ЦЕНА

8.250 ДЕН (намалено од 15.000 ден)/

  • Период на претплата 12 месеци
  • Вклучени 15 корпоративни извештаи
  • Цена на пакет 15.000,00 денари +18% ДДВ

Медиум корпоративен пакет

ПРОМОТИВНА ЦЕНА

15.000 ДЕН (намалено од 25.000 ден)/

  • Период на претплата 12 месеци
  • Вклучени 30 корпоративни извештаи
  • Цена на пакет 25.000,00 денари +18% ДДВ

Премиум корпоративен пакет

ПРОМОТИВНА ЦЕНА

22.500 ДЕН (намалено од 35.000 ден)/

  • Период на претплата 12 месеци
  • Вклучени 50 корпоративни извештаи
  • Цена на пакет 35.000,00 денари +18% ДДВ

Доколку сте заинтересирани за понуда надвор од овие пакети, слободно контактирајте нè:

Телефон

тел. +389 (0)2 3251-291
факс +389 (0)2 3251-290

Работно време
Од понеделник до петок
од 08:00 до 16:00 часот

Email

info@mkb.mk

Адреса

Македонско кредитно
биро АД Скопје

бул. Кузман Јосифовски
Питу бр. 1, 5-ти кат,
1000 Скопје,
Република Македонија