Македонско кредитно биро

Вистински информации - Сигурни планови!

Дома Меѓународни извештаи

Меѓународни извештаи

1-3

МКБ во соработка со својот странски партнер, Италијанското кредитно биро CRIF S.P.A, нуди единствена можност на македонските компании да побараат меѓународни извештаи со бонитетни информации за повеќе од 200 милиони компании од над 230 земји од целиот свет.
Извештаите се наменети за сите македонски компании кои се вклучени во меѓународни односи со партнери, клиенти и добавувачи од целиот свет.
Меѓународните извештаи нудат можност да се намали ризикот во соработката со сегашните и идните деловни партнери.
Овозможуваат брз и ефикасен увид во деловната и финансиска способност на одредена компанија и го олеснуваат одлучувањето за продолжување на соработката со постојните, односно изборот на новите соработници.

Во неколку чекори, брзо и лесно до Меѓународен извештај

1. Потпишувате Договор за меѓународни услуги, со што станувате потенцијален корисник на меѓународни извештаи.
2. Пополнувате Барање за Меѓународен извештај.
3. Добивате известување од МКБ за да извршите уплата за побараниот извештај.

Бараниот извештај го добивате на e-mail адресата наведена на Барањето, по извршената уплата согласно Тарифата на надоместоци за меѓународни услуги.

Извештајот го добивате истиот ден или во рок од 2-12 денови, во зависност од достапноста на податоците за компанијата за која сте побарале извештај.

Меѓународните извештаи обично содржат:
-Профил на компанијата
-Кредитна оценка
-Процена на ризик
-Негативни настани
-Историјат на промени
-Финансиски податоци
-Управувачка структура
-Сопственичка структура
-Поврзани субјекти
-Регистарски информации
-Подружници и канцеларии
-Банкарски сметки
Содржината на извештаите се разликува во зависност од достапноста на податоците во државата од која се побарува.
Меѓународните извештаи се достапни на англиски јазик.
Погледнете ја листата на држави од кои се нудат извештаи за странски компании:

Држави

– Албанија, Бугарија, Словенија, Србија, Хрватска
– Босна и Херцеговина
– Германија
– Грција
– Италија
– Велика Британија
– Европа1 (Австрија, Полска, Словачка, Република Чешка, Швајцарија)
– Европа2 (други држави од западна Европа)
– Европа3 (други држави од централна и источна Европа)
– Европа4 (Нордиските земји, Турција)
– Африка
– Латинска Америка
– Азија
– Среден Исток
– Северна Америка
– Океанија и други земји