Македонско кредитно биро

Вистински информации - Сигурни планови!

Дома ПОСТАПКА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА МОЈ.МКБ ПОРТАЛОТ

ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОРПОРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ

Како да се регистрирате како нов корисник во неколку чекори:

1. Доколку сте нов корисник кликнете на копчето Регистрирај се. Потребно е да го одберете полето Правно лице, по што ги внесувате основните податоци на компанијата, контакт лице кое ќе има пристап до податоците на компанијата која ја застапува и валидна мејл адреса. Мејлот со кој ќе ја регистрирате компанијата ќе биде корисничко име за најава. Штиклирате во квадратчето дека ги имате прочитано и дека ги прифаќате Општите услови за користење на порталот.

2. По избор на копчето Регистрирај се на мејлот со кој се регистриравте, ќе Ви биде испратена лозинка за прва регистрација која се менува во старт и се внесува нова која сами ќе ја одберете. Правите потврда на Вашата лозинка. Откако ќе се најавите со новата лозинка на корисничкиот профил може да ги користите нашите услуги.

3. По успешната најава на корисничкиот профил, во горното мени ќе го одберете второто поле КорпМКБ по што Ви се отвора прозорец каде добивате информации за Корпоративниот извештај и поле Потпишете договор со МКБ, на коешто е потребно да кликнете за да ви се отвори Договорот за регулирање на меѓусебните права и обврски. Отпечатете го Договорот, пополнете го со податоци за компанијата, потпишете го и скениран доставете го на info@mkb.mk.

Откако ќе го добиеме Договорот, веднаш ќе Ви биде овозможен пристап до Корпоративниот извештај за проверка на други компании. Оригиналниот Договор во 2 примероци доставете го на нашата адреса: ул. Даме Груев бр. 14, 1000 Скопје, Р. Македонија.

4. Доколку сте заинтересирани за користење поединечен Корпоративен извештај побарајте поединечен при-пејд Корпоративен извештај без претплата на пакет, а доколку сакате да користите поголем број на извештаи, изберете корпоративен пакет од понудените опции на пакети. Ако се одлучите за поединечен Корпоративен извештај плаќањето може да се изврши со платежна картичка, со налог ПП 30 во банка, со електронско банкарство или со Ki-Pay, а ако имате одбрано корпоративен пакет, веднаш на Вашата мејл адреса ќе Ви биде испратена профактура со износот на пакетот, при што плаќањето може да се изврши со налог ПП 30 во банка или со електронско банкарство.

Продолжeте со регистрација или најава