Македонско кредитно биро

Вистински информации - Сигурни планови!

Дома ПОСТАПКА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА МОЈ.МКБ ПОРТАЛОТ
Како да се регистрирате како нов корисник во неколку чекори:

1. Доколку сте нов корисник кликнете на копчето Регистрирај се
Зависно од типот на субјектот треба да го одберете полето Физичко лице или Правно лице, по што ги внесувате Вашите основни податоци. Мејлот со кој се регистриравте е Вашето корисничко име. Штиклирате во квадратчето дека ги имате прочитано и дека ги прифаќате Општите услови за користење на порталот.
2. По избор на копчето Регистрирај се на мејлот со кој се имате регистрирано, ќе Ви биде
испратена лозинка за прва регистрација која се менува во старт и се внесува нова која сами ќе ја одберете. Правите потврда на Вашата лозинка. Откако ќе се најавите со новата лозинка на својот кориснички профил може да ги користите нашите услуги.
3. По успешната најава на својот кориснички профил добивате можност да:
– нарачате Сопствен извештај за себе,
– нарачате Извештај за блокада на трансакциска сметка за себе, или
– да се пријавите за добивање алармни известувања од Вашето кредитно досие АСИС.
4. По извршениот избор на услугата следен чекор е плаќање на услугата.

Плаќање при прво користење на услугите

За потребите на идентификација потребно е првото плаќање да биде извршено со образец ПП 30 од Вашата трансакциска сметка. Плаќањето може да го извршите во банка во која имате трансакциска сметка или преку личното електронско банкарство.
Плаќање со Ki-Pay е наменето САМО за корисниците на е-банкарство на Комерцијална банка АД Скопје.

По добивање на извод од банка за извршена уплата, МКБ ја одобрува услугата и испраќа e-mail порака на корисникот со информација дека извештајот е генериран и може да го добие преку неговиот кориснички профил на МОЈ.МКБ

Дневните уплати до 14:00 часот се евидентираат во извод од банката и извештаите се генерираат истиот ден после 15:00 часот. Во случај уплатата да биде извршена после 14:00 часот, во денови на викенд или други неработни денови, услугата ќе биде овозможена првиот следен работен ден. По извршената уплата не е можно откажување на нарачката.

Доколку плаќањето не е извршено од трансакциска сметка на подносителот на барањето, услугата нема да биде овозможена.
Плаќање при секое следно користење на услугите

При секое следно користење на услугата плаќањето може да се изврши со платежна картичка, со налог ПП 30 во банка,со електронско банкарство или со Ki-Pay.
Плаќањето извршено со платежна картичка или Ki-Pay овозможува услугата да ја добиете веднаш.

Продолжи со регистрација или најава