Македонско кредитно биро

Вистински информации - Сигурни планови!

Дома Што е Корпоративен извештај?-12

Што е Корпоративен извештај?

Корпоративниот извештај e ЕДИНСТВЕН ваков извештај на македонскиот пазар преку кој можете да ги проверувате сите правни субјекти во земјата. Повеќето од податоците се во реално време, се генерираат во истиот момент кога се добива извештајот, што овозможува најреална слика за работењето и статусот на сегашните или идни соработници. Содржи податоци за задолженост и редовност во исполнувањето на обврските, блокада на трансакциска сметка, тековни состојби на правни субјекти и годишни сметки на субјектите.

 

s
sdawfcafawfawf
1233 1

Ситуации во кои е потребен Корпоративниот извештај, што помага, кои проблеми ги решава:

1. Извештајот го штити бизнисот од донесување на лоши деловни одлуки, и нуди информации за идниот соработник пред да се склучи договорот за соработка и тоа: дали има блокади на сметка, дали е тужен, дали е во ликвидација, стечај, мирување, која е менаџерската структура, дали има капитално поврзани компании, дали доцни во подмирување на сите обврски, дали работи со загуба и со многу трошоци и сл. Одговорот се добива преку бојата на светлото во семафорот, која доколку е црвена, значи дека компанијата е небонитетна и несолвентна.

2. Со сето горенаведено Извештајот ги намалува ризиците од работењето.

3. Исто така, со Извештајот може да се врши проверка на досегашните партнери, за да се увидат евентуални промени во компанијата, и со тоа да се заштити бизнисот.

4. Го олеснува внатрешното одлучување во компанијата и начинот на презентација во процесот на одлучување, на тој начин што Извештајот може да се зачува во компјутер, може да се конвертира во PDF и EXCEL, и доколку се конвертира во EXCEL, податоците може да се копираат во внатрешни документи со што се заштедува труд и време со избегнување на директно впишување на податоците.

5. Лесен е за толкување, бидејќи се е објаснето дескриптивно со помош на ознаки со бои и текстуално објаснување, за да може секој да добие слика за состојбата во компанијата што се проверува.

6. Извештајот си останува во историја во профилот што компанијата претходно го има креирано на нашата веб страна и секогаш може да се отвори истиот, за да се провери што се случувало точно во таа компанија и зошто тогаш се донела таква одлука.

mkb 11 1

Како се добива Корпоративниот извештај?

mkb 12 1

Корпоративниот извештај се добива онлајн, многу брзо, лесно и user friendly. Овој извештај се добива преку порталот МОЈ.МКБ.

Извештајот може да се користи поединечно, или со претплата на некои од годишните пакети наведени на Пакети .
Сите инструкции околу постапката за добивање на Извештајот можете да ги добиете тука .