Македонско кредитно биро

Вистински информации - Сигурни планови!

Дома СОПСТВЕН ИЗВЕШТАЈ (правни лица)

Сопствен извештај

Проверка на кредитна задолженост се прави преку Сопствениот извештај кој го издава МКБ. Сопствен извештај е документ во писмена или електронска форма, изготвен врз основа на податоци за обврските на физичките или правните лица, доставени од Давателите на податоци.
Преку овој извештај може да се провери дали и каде едно правно лице има обврски по основ на кредити, гаранции, акредитиви, жирантства, дозволено пречекорување на трансакциски сметки, платежни картички, даноци, придонеси, такси, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енерегетиката, комунални давачки, обврски по основ на користење на други услуги, како и да се провери историјата на доцнења на секоја обврска поединечно во период од последни 24 месеци.
Во Сопствениот извештај се содржани истите податоци за блокада на трансакциска сметка во реално кои се наоѓаат и во Извештајот за блокада на трансакциска сметка.
Секое правно лице може да побара и добие Сопствен извештај само за својата компанија. Сопствениот извештај се бара онлајн преку МОЈ.МКБ порталот со отворање кориснички профил на следниот линк, или директно во просториите на МКБ во Скопје, пришто овластеното лице (управител) на правното лице со лична карта може да го побара Сопствениот извештај за компанијата или преку друго вработено лице со полномошно заверено со печат и потпишано од управителот.

Цената на Сопствениот извештај за правно лице изнесува 600 ден (промотивно 3 месеци).