Македонско кредитно биро

Вистински информации - Сигурни планови!

Дома Во што сме различни од конкуренцијата?

Во што сме различни од конкуренцијата?

МКБ е прво и единствено кредитно биро кое е основано врз основа на посебен Закон за кредитно биро (Сл. Весник на РМ бр.81/2008, 24/2011 и 166/2014) од страна на Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД Скопје), како друштво во сопственост на банките.

 

Сите податоци од извештаите се регулирани со Законот за кредитно биро и сите даватели на податоци се обврзани на редовна и веродостојна основа да ги доставуваат податоците и да гарантираат за точноста на истите. Согласно тоа, веродостојноста е 100% потврдена и по барање на клиентите, МКБ ги заверува извештаите со печат и потпис.

 

Единствено во МКБ извештаите содржат податок за блокада на трансакциска сметка во реално време на сите физички и правни лица, кој се добива од Единствен регистар на трансакциски сметки (ЕРИС) во истиот момент на генерирање на извештајот и се дознава дали лицето има една или повеќе блокади или не. Доколку сметката е блокирана, наведени се континуирани денови на блокада, број на блокади, вкупен износ на блокади со детали за сите блокади.

mkb 13 2
mkb 13 3

Единствено во МКБ извештаите содржат податоци за обврските и долговите на сите физички и правни лица, кои се ажурираат на редовна основа и се веродостојни. Содржани се податоци за обврски и долгови за кредити, жирантства, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, лимити на трансакциски сметки, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, за телекомуникациски услуги, за услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.

 

Извештаите се добиваат многу брзо, онлајн, лесно на страната која е user friendly. Буквално за неколку секунди откако ќе се изврши нарачка, се генерираат во профилот.

Корпоративниот извештај содржи детални финансиските извештаи во целост прикажани за последователни 3 години и детална Тековна состојба која се добива во моментот на генерирање на истиот.

 

Корпоративниот извештај нуди флексибилност во изборот на користење од аспект на тоа дека компанијата има избор или да користи поединечен извештај без никаква претплата или годишен пакет со одреден број, што е особено згодно кога компанијата не знае колкав број би и биле потребни за 12 месеци, па може да се одлучи за користење на поединечни извештаи по примамливи цени.

mkb 13 4
mkb 11 4

Податоците во извештаите се лесно разбирливи, бидејќи се работи со ознаки во бои, каде секоја боја си има свое значење, па така секој показател и индикатор се знае дали е во добра или лоша категоризација. Пример, кај Корпоративниот извештај доколку компанијата има црвена боја во семафорот што значи дека е небонитетна, веднаш до семафорот има текстуално објаснување која е причината за лошата оценка.

 

Извештаите може да се зачуваат во компјутер и може да се печатат. Дополнително, Корпоративниот извештај може да се конвертира во PDF или EXCEL, и доколку се конвертира во EXCEL, податоците може да се копираат во внатрешни документи со што се заштедува труд и време со избегнување на директно впишување на податоците.

 

Извештаите остануваат во историја на профилот. Конкретно, кај Корпоративниот извештај во историјата ги има сите претходно повлечени извештаи, за да се провери што се случувало точно во одредена компанија и зошто тогаш се донела таква одлука.