Македонско кредитно биро

Вистински информации - Сигурни планови!

Дома Зошто Корпоративен – бонитетен извештај?

Што е Корпоративен – бонитетен извештај?

Корпоративен – бонитетен извештај e УНИКАТЕН ваков извештај на македонскиот пазар преку кој можете да ги проверувате сите правни субјекти во земјата. Повеќето од податоците се во реално време, се генерираат во истиот момент кога се добива извештајот, што овозможува најреална слика за работењето и статусот на сегашните или идни соработници. Содржи податоци за задолженост и редовност во исполнувањето на обврските, блокада на трансакциска сметка во реално време, тековни состојби на правни субјекти и годишни сметки на субјектите.

Дознај повеќе

Бонитетот на компанијата се оценува преку бојата на светлото во семафорот. Врз оценката во семафорот влијаат однапред зададени параметри кои се суштински за да се добие слика за солвентноста на компанијата. Доколку бојата е црвена, значи дека компанијата е небонитетна и несолвентна, а зелена боја укажува на бонитетна компанија.

Извештајот е ЕДИНСТВЕН на пазарот кој содржи податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време за сите правни лица, пришто податокот за блокада се добива од Единствениот регистар на трансакциски сметки во моментот на генерирање на истиот. Доколку сметката е блокирана, наведени се континуирани денови на блокада, број на блокади, вкупен износ на блокади со детали за сите блокади.

Исто така, Извештајот е единствен на пазарот што содржи податоци за задолженост и редовност во исполнување на обврските на сите физички и правни лица и тоа: обврски по основ на кредити, жирантства, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, лимити на трансакциски сметки, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, за телекомуникациски услуги, за услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги. Податоците се собираат и обработуваат согласно Законот за кредитно биро и истите се ажурираат на дневно и месечно ниво, зависно од природата на податокот.

Извештајот завршува со информација со тоа колку е прoверувана соодветната компанија од страна на други компании во последните 30 дена и 12 месеци.

mkb 1 1

Како се добива Корпоративен – бонитетен извештај?

Корпоративен – бонитетен извештај се добива онлајн, многу брзо, лесно и user friendly. Овој извештај се добива преку порталот МОЈ.МКБ.

Извештајот може да се користи поединечно, или со претплата на некои од годишните пакети наведени на Пакети .
Сите инструкции околу постапката за добивање на Извештајот можете да ги добиете тука .

Ситуации во кои е потребен Корпоративен – бонитетен извештај, што помага, кои проблеми ги решава:

mkb 11 1

1. Извештајот го штити бизнисот од донесување на лоши деловни одлуки, и нуди информации за идниот соработник пред да се склучи договорот за соработка и тоа: дали има блокади на сметка, дали е тужен, дали е во ликвидација, стечај, мирување, која е менаџерската структура, дали има капитално поврзани компании, дали доцни во подмирување на сите обврски, дали работи со загуба и со многу трошоци и сл. Одговорот се добива преку бојата на светлото во семафорот, која доколку е црвена, значи дека компанијата е небонитетна и несолвентна.

 

Дознај повеќе

2. Со сето горенаведено Извештајот ги намалува ризиците од работењето.

3. Исто така, со Извештајот може да се врши проверка на досегашните партнери, за да се увидат евентуални промени во компанијата, и со тоа да се заштити бизнисот.

4. Го олеснува внатрешното одлучување во компанијата и начинот на презентација во процесот на одлучување, на тој начин што Извештајот може да се зачува во компјутер, може да се конвертира во PDF и EXCEL, и доколку се конвертира во EXCEL, податоците може да се копираат во внатрешни документи со што се заштедува труд и време со избегнување на директно впишување на податоците.

5. Лесен е за толкување, бидејќи се е објаснето дескриптивно со помош на ознаки со бои и текстуално објаснување, за да може секој да добие слика за состојбата во компанијата што се проверува.

6. Извештајот си останува во историја во профилот што компанијата претходно го има креирано на нашата веб страна и секогаш може да се отвори истиот, за да се провери што се случувало точно во таа компанија и зошто тогаш се донела таква одлука.