Македонско кредитно биро

Вистински информации - Сигурни планови!

Дома Зошто Сопствен Извештај?

Што е Сопствен извештај?

Сопствен извештај е документ кој секое физичко или правно лице може лично за себе да го извади за да ја провери сопствената кредитна задолженост и истиот е изготвен врз основа на податоци за сите обврски на лицето кон:
сите банки, штедилници, финансиски друштва, лизинг компании, други даватели на кредити, осигурителни компании, Управа за јавни приходи, Градот Скопје и единици на локална самоуправа, енергетски, телекомуникациски и комунални компании, наплатни агенции за преземање на долгови, други правни лица и Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на РСМ.
Истовремено, со извештајот се добива информација дали трансакциската сметка на лицето е блокирана или не, со вклучени детали за блокадата или блокадите.

20

Како се добива Сопствениот извештај?

Сопствениот извештај се добива онлајн, многу брзо и лесно.Овој извештај се добива преку порталот МОЈ.МКБ.

Сите инструкции околу постапката за добивање на Извештајот можете да ги добиете тука .

Зошто да извадам Сопствен извештај и што добивам со него?

ммккбб

1. Со Сопствениот извештај ја преземате контролата во свои раце за сопствената кредитна задолженост, односно добивате целосен увид во сите обврски и со тоа имате моќ да менаџирате со истите за да спречите да станат нефункционални, да спречите да Ви ја блокираат сметката или да Ве тужат за некој долг.

 

2. Со Сопствениот извештај се заштитувате од прекумерни давачки, пример во извештајот можете да воочите долг којшто е во нефункционален статус или заостанат, а се уште не е пратен кај Извршител, па на тој начин добивате предупредување да преземете мерки во врска со истиот, со што се заштитувате од плаќање на понатамошни затезни камати, разни трошоци за извршување, адвокатски трошоци и сл.

Дознај повеќе

3. Со Сопствениот извештај се заштитувате од стресни ситуации, со тоа што пред да аплицирате за некој заем/кредит, го вадите извештајот и добивате увид во сите свои долгови и статус на сметка. На тој начин, дознавате каква е Вашата состојба и каде треба да се преземат некои мерки или чекори, за да не се доведете во непријатна ситуација да бидете одбиени за заемот/кредитот.

 

4. Исто така, кога очекувате прилив на средства на трансакциска сметка, особено кога станува збор за поголема сума, убаво би било да си го извадите извештајот, за да проверите дали сметката Ви е блокирана или не. Бидејќи доколку е блокирана сметката, средствата не може да ги добиете се додека не се деблокира истата, која може да биде задолжена за поголем износ кон некој доверител што поднел барање за блокада.

 

5. Доколку живеете и работите во странство и сакате да извршите купопродажна трансакција, убаво би било, особено по долго отсуство од државата, да си го извадите претходно извештајот, за да дознаете статус на сопствените обврски и трансакциска сметка, и кои наредни чекори ќе треба да ги направите за да имате безгрижна трансакција.