Извештаи за правни лица

Сопствен извештај

Преку овој извештај може да се провери дали и каде едно правно лице има обврски по основ на кредити, гаранции, акредитиви, жирантства, дозволено пречекорување на трансакциски сметки, платежни картички, даноци, придонеси, такси, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енерегетиката, комунални давачки, обврски по основ на користење на други услуги, како и да се провери историјата на доцнења на секоја обврска поединечно во период од последни 24 месеци. Во извештајот се содржани и податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време.
Секое правно лице може да побара и добие Сопствен извештај само за својата компанија. Сопствениот извештај се добива онлајн преку порталот Мој.МКБ со отворање на личен кориснички профил на следниот линк МојМКБ (mkb.mk), или лично во било која експозитура на Централна Кооперативна банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје и Силк Роуд банка АД Скопје, ширум земјата. Сопствениот извештај за правното лице може да го побара овластеното лице (управител) на компанијата со лична карта, или преку друго вработено лице со полномошно заверено со печат и потпишано од управителот.

Извештај за блокада на сметка

Доколку е блокирана, наведени се континуираните денови на блокада со детали за сите блокади и тоа: број на предмет за блокадата, во која банка е блокадата, број на сметка, износ на блокадата, основ на блокадата и датум и време кога е извршена блокадата. Податокот за блокада на трансакциска сметка од Единствениот регистар на трансакциски сметки се добива во реално време, односно во моментот на генерирање на извештајот.
Секое правно лице може да побара и добие Извештај за блокада на трансакциска сметка само за себе лично. Извештајот за блокада на трансакциска сметка се добива онлајн преку порталот МОЈ.МКБ, со отворање на личен кориснички профил на следниот линк МојМКБ (mkb.mk) , или лично во било која експозитура на Централна Кооперативна банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје и Силк Роуд банка АД Скопје, ширум земјата.

we love them

What Our Clients Have To Say​

Запознајте се подобро со нашите продукти

Контактирајте не!

CTA Our Services