За нас

Македонско кредитно биро АД Скопје (МКБ) е првото и единствено кредитно биро во Република Македонија. Основано е на 24.12.2008 година во Скопје, врз основа на Закон за кредитно биро („Сл. весник на РМ“ бр.81/08, 24/11, 199/14, 192/15 и 83/18), како акционерско друштво во сопственост на банките, од страна на Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД Скопје).

МКБ управува со единствениот систем во Македонија кој врши собирање, обработување и размена на податоци за финансиските обврски на правните и физичките лица со цел да дава информации за задолженоста и редовноста во измирувањето на финансиските обврски.

МКБ располага со најголемата и дневно ажурна база на податоци, која ја користат банки, финансиски друштва, штедилници, друштва за финансиски лизинг, други даватели на кредити, Управата за јавни приходи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, градот Скопје и единици на локалната самоуправа, давателите на услуги од областа на комуналните дејности, енергетиката и телекомуникациите, други правни лица кои даваат услуги по основ на кои настануваат финансиски обврски за правните и физичките лица, како и физички лица кои не се сметаат за трговци согласно Законот за трговски друштва.

Во МКБ се доставуваат податоци за обврски по кредити, гаранции, акредитиви, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.

МКБ обезбедува единствена можност правните лица да ја зголемат наплатата на своите побарувања. Преку посебна електронска платформа тие можат да ги пријават своите побарувања и должници и да ги почувствуваат придобивките од единствената таква услуга во Македонија.
Македонското кредитно биро на компаниите им нуди можност да добијат целосни и точни информации за вкупните финансиски обврски и други финансиски показатели за нивните сегашни или идни деловни партнери.
Мој.МКБ порталот нуди можност за детално пребарување на сите правни субјекти по единствени параметри за пребарување кои корисниците сами ги избираат.

Одбор на директори

м-р Благица Здравковска

Претседател на Одборот на директори

м-р Тони Трајанов

Извршен член на Одборот на директори и Главен извршен директор на МКБ

д-р Зоранчо Алексов

Неизвршен и независен член на Одборот на директори

Мисија

Наша мисија е да обезбедиме висококвалитетни услуги и вистински информации кои ќе им помогнат на нашите корисници да ја одржат својата ликвидност и успешно да ги контролираат финансиските ризици.

Визија

Наша визија е да бидеме партнер од доверба на нашите корисници, при донесувањето на бизнис одлуки.

Во иднина остануваме доследни на нашата визија и мисија и во настојувањето да ги следиме позитивните светски практики. Веруваме дека МКБ ќе стане неизбежна алка и стандард во работењето на сите економски субјекти во Македонија.

About Page intro pic

Meet Our Clients

we work for them

Lorem ipsum dolor sit orot amet, conse ctetur adip scing elit. Proin rutrum euismod dolor, ultricies aliq luam off kool or taka ekolor.

Како до нашите услуги?Регистрирајте се на порталот Мој.МКБ

CTA About new