Мој.МКБ - Физички лица

Бидете во тек со промените на вашите финансиски обврски

Мој.МКБ нуди брз и лесен пристап до целосни и точни информации за вкупните финансиски обврски и други финансиски показатели за правните субјекти и граѓаните.

Slika za pocetna

Сопствен извештај

Сопствен извештај е документ во писмена или електронска форма, изготвен врз основа на податоци за обврските на физичките или правните лица, доставени од Давателите на податоци.

Преку овој извештај може да се провери дали и каде едно физичко лице има обврски по основ на кредити, жирантства, дозволено пречекорување на трансакциски сметки, платежни картички, даноци, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, обврски по основ на користење на други услуги, како и да се провери историјата на доцнења на секоја обврска поединечно во период од последни 24 месеци.

Во Сопствениот извештај се содржани истите податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време кои се наоѓаат и во Извештајот за блокада на трансакциска сметка.
Секое физичко лице може да побара и добие Сопствен извештај само за себе лично. Сопствениот извештај се добива онлајн преку МОЈ.МКБ порталот со отворање личен кориснички профил на следниот линк, или лично во било која експозитура на Централна Кооперативна банка АД Скопје, ТТК банка АД Скопје и Силк Роуд банка АД Скопје, ширум земјата.

Извештај за блокада на сметка

Доколку е блокирана, наведени се континуираните денови на блокада со детали за сите блокади и тоа: број на предмет за блокадата, во која банка е блокадата, број на сметка, износ на блокадата, основ на блокадата и датум и време кога е извршена блокадата. Податокот за блокада на трансакциска сметка од Единствениот регистар на трансакциски сметки се добива во реално време, односно во моментот на генерирање на извештајот.
Секое физичко лице може да побара и добие Извештај за блокада на трансакциска сметка само за себе лично. Извештајот за блокада на трансакциска сметка се добива онлајн преку порталот МОЈ.МКБ, со отворање на личен кориснички профил на следниот линк МојМКБ (mkb.mk) , или лично во било која експозитура на Централна Кооперативна банка АД Скопје, ТТК банка АД Скопје и Силк Роуд банка АД Скопје, ширум земјата.

Our Clients pic 1

АСИС - Алармен систем

Промени за кои се добиваат известувања:
    1. Нова обврски

    2. Затворање на обврска

    3. Нова обврска како жирант или кокредитобарател

    4. Промена во активиран жирант или кокредитобарател

    5. Затворање на обврска како жирант или кокредитобарател

    6. Неплатени обврски со доцнење над 30 дена

    7. Неплатени обврски на кредитен корисник над 90 дена на кои сте жирант или кокредитобарател

    8. Побаран извештај за Вашата задолженост (при аплицирање за услуга)

Промените се чуваат за последните 5 години од првата претплата на АСИС пакет. Евидентираните промени се прикажуваат и доколку пакетот е неактивен.

*Под обврска се подразбираат обврски за кредити, лизинг, гаранции, акредитиви, кредитни картички, лимити на трансакциски сметки, девизни сметки, даноци, придонеси, телекомуникациски услуги, откупени побарувања, фактури за комунални и останати услуги.
Пораките се испраќаат на e-mail адресата на корисникот внесена при регистрација на интернет порталот Мој.МКБ МојМКБ (mkb.mk).

МКБ - Новости

20231225104719 e1707128228294

Интервју Тони Трајанов, Директор на МКБ: Со вистински информации до сигурен и успешен бизнис

Македонското кредитно биро на 24 декември одбележа 15 години од своето постоење. Оваа институција има огромно значење за функционирањето на кредитната индустрија во државата, со исклучителна важност за стопанството и граѓаните, а со тоа и за економија генерално. Токму овој јубилеј е повод за разговор со м-р Тони Трајанов, главен извршен директор на МКБ
Веб објава слика 1200x800 1

Со сигурен чекор кон нови бизнис зделки

Дали е ова вистинскиот момент за започнување на нова бизнис зделка? Постои ли начин на кој може да се дознаат потребните информации за идниот бизнис -партнер, но и моменталната финансиска состојба на сопствената фирма? Или можеби не сте сигурни дали сте ги подмириле сите обврски, задолжувања, кредити, заборавени сметки…

Прочитај повеќе »
Capture

Гостувањето на директорот на МКБ, м-р Тони Трајанов во емисијата Трилинг

Веќе 15 години Македонското кредитно биро претставува една од клучно потребните алатки во кредитната индустрија, со преку 6 милиони релевантни информации во делот на обврските

Прочитај повеќе »

Искуства на нашите клиенти

За повеќе информации контактирајте не

CTA Home page New