Политика за приватност и колачиња(cookies)
Генерални информации за заштита на приватноста
Бидејќи стекнувањето и одржувањето на довербата е од суштинско значење за она што го работиме, ние сме навистина посветени и се трудиме да бидеме транспарентни во нашите практики за приватност. Во таа насока, било кои информации што содржат лични податоци што ќе ни бидат откриени, ќе бидат обработени само за конкретна цел согласно закон или во рамките на ваша претходна согласност и затоа Ве покануваме да се вклучите во нашите активности, односно користење на нашите услуги со целосна доверба од аспект на заштита на Вашите лични и останати податоци. Ние не собираме информации односно лични податоци од деца.
Овој документ, Политика за приватност и колачиња, може да Ви помогне да ги пронајдете потребните информации за тоа како ние постапуваме со Вашите лични податоци. Прочитајте го во целост документот за поточно да дознаете како и со кој ги: собираме, користиме, споделуваме и откриваме вашите лични податоци. Нашата Политика за приватност и колачиња редовно ќе се менува или ажурира во согласност со нашите активности и потреби, за што секако ќе бидете навремено информирани. Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте не директно на info@mkb.mk.
Информации за контакт на контролорот
Македонско кредитно биро АД Скопје (во понатамошниот текст: МКБ) во смисла на прописите за заштита на личните податоци во Северна Македонија, е контролор на личните податоци што ги обработуваме, освен ако во овој документ не е поинаку наведено. Во основа, сите лични податоци кои ги добиваме од страна на физички лица ги обработуваме на основа и во согласност со Закон за кредитно биро („Сл. Весник на РМ“ бр. 81/08, 24/11, 199/14, 192/15 и 83/18) – пречистен текст.
Постојат повеќе начини на кои можете да контактирате со нас, вклучително преку телефон, е-пошта, разговор во живо или преку социјални медиуми. Повеќе детали може да се видат на нашата веб-страница: www.mkb.mk
Нашата поштенска адреса, односно седиште е:
ул. Даме Груев бр.14, 2 кат – Центар
1000 Скопје
Детали за контакт на лицето одговорно за заштита на податоци
Наш службеник за заштита на податоци (офицер) е Димитар Ѓеорѓиевски. Можете да го контактирате на info@mkb.mk, на мобилен телефон 00389 (0) 70 253 788 или преку нашата поштенска адреса.
Како ги добиваме информациите и личните податоци од Вас?
Повеќето лични податоци и информации што ги обработуваме ни се дадени директно од Вас заради една од следниве причини:
• Вие барате пристап до нашите услуги односно ресурси за преземање;
• Вие барате демо на нашите производи/услуги, бесплатен пробен период или бесплатни консултации;
• Вие доставувате барање за информации до нас;
• Вие сакате да присуствувате или сте присуствувале на некој настан што сме го организирале;
• Вие сте зачленети за добивање на нашиот е-билтен;
• Вие аплицирате за работа кај нас;
• Вие ја претставувате Вашата организација.
Податоците што ги собираме се ограничени на видовите информации што генерално можат да се најдат на вашата бизнис картичка, и обично но не исклучиво содржат лични податоци и се однесуваат на:
• Вашето име и презиме;
• Наслов/позиција на вашето работно место;
• Името на компанијата/институцијата во која работите;
• Вашата адреса за е-пошта (е-маил) и
• Вашиот телефонски број.
Информации што ги добиваме додека Вие сами пребарувате на нашата веб-страница (прелистување на податоци):
Покрај видовите информации што Вие сакате да ни ги доставите, ние ги стекнуваме и следниве технички информации, кои под одредени услови сепак може да се сметаат за лични податоци, самостојно или кога се комбинираат со други податоци, а се однесуваат на:
• IP адреси и / или имиња на домени на компјутери и уреди што ги користите кога ги користите нашите услуги;
• URI (единствен идентификатор на ресурси) адреси на ресурси што ги бара вашиот веб прелистувач;
• Времето на барање;
• Методот што го користи вашиот веб прелистувач за поднесување на барањето до серверот;
• Големината на датотеката добиена во одговорот;
• Нумеричкиот код што го означува статусот на одговорот од серверот (успешен, грешка, итн.); и
• Други параметри во зависност од оперативниот систем што го користите.
Користење и споделување на вашите лични податоци
Било какви лични податоци што ни ги доставувате, се користат од наша страна за да Ви ги обезбедиме нашите услуги и информации наведени во овој документ. Ние никогаш нема неовластено да ги споделиме или да ги продадеме Вашите лични податоци на било кој. Засега, ние не ги споделуваме Вашите лични податоци со трети лица. Нашиот план за во иднина е да користиме услуга од трети страни кои би можеле да го олеснат испорачувањето на нашите услуги, а особено за да Ви испраќаме информации за билтени во случај да сте се согласиле за тоа, но ова ќе биде прашање на ажурирана Политика за приватност и колачиња за што навреме дополнително ќе биде објавено соопштение на нашата веб страница.
Било какви лични податоци што сме ги стекнале за време на вашето користење на нашите услуги се користат само за добивање анонимни статистички информации на нашата веб-страница, како и за проверка на нивното правилно функционирање односно подобрување на квалитетот на нашите услуги. Овие податоци се бришат веднаш по обработката. Ние нема да ги споделуваме Вашите информации со трети лица заради цели на директен маркетинг без Ваша изречна согласност.
Вашите права за заштита на личните податоци:
Според Законот за заштита на личните податоци, Вие имате права за кои треба да Ве информираме. Правата што Ви се достапни зависат од целта, односно причината за обработка на Вашите лични податоци. Повеќе информации со ова тема, односно заштита на лични податоци воопшто, можете да најдете на веб страницата на надлежниот државен орган -Агенцијата за заштита на личните податоци на следната веб адреса: www.azlp.mk односно да поставите прашање до нив како единствено и надлежно регулаторно тело на info@privacy.mk. Во продолжение ќе ги најдете основните информации во врска со споменатите права:
1.Право на пристап
Имате право да побарате од нас копии од Вашите лични податоци кои биле предмет на наша обработка. Ова право секогаш се применува. Постојат некои исклучоци според законот, што значи дека не секогаш може да ги добивате сите информации што ги обработуваме.
2.Право на исправка
Имате право да побарате од нас да ги исправиме информациите што мислите дека не се точни. Вие исто така имате право да побарате од нас да ги комплетираме информациите што мислите дека се нецелосни. Ова право секогаш се применува.
3.Право на бришење
Имате право да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци во одредени околности. Ова право се применува само под одредени услови согласно закон.
4.Право на ограничување на обработката
Имате право да побарате од нас да ја ограничиме, односно прекинеме обработката на Вашите лични податоци во одредени околности согласно со законот.
5.Право да се спротивставувате (барање да се прекине со обработката) на обработката
Имате право да се спротивставувате на обработка само доколку обработката на Вашите лични податоци не претставува дел од нашите законски обврски или е во наш легитимен интерес.
6.Право на преносливост на податоци
Ова се однесува само на информациите што Вие ни ги давате. Вие имате право да побарате да ги пренесеме информациите, односно личните податоци што ни ги давате од една во друга организација (контролор) или да Ви ги дадеме Вам. Правото се применува само ако обработуваме лични податоци засновани на Ваша согласност, или во процес за склучување договор во вие самите сте едната страна односно доколку обработката е автоматизирана или ако ги обработуваме вашите информации за цели на спроведување на законски обврски од домен на кривичното право и постапка.
Од Вас не се бара да платите никаква такса за остварување на вашите права. Предвидени се одредени исклучоци согласно законот за заштита на личните податоци. Во врска со остварување на Вашите права, согласно посочениот пропис, имаме рок од еден месец за одговор.
7.Право да се жалите. (Право на приговор)
Како што веќе спомнавме погоре Ние работиме со високи стандарди кога станува збор за обработка на Вашите лични информации, сепак доколку имате било какви прашања или проблеми, дилеми и слично а во врска со содржината и начинот на остварување на некое од погоренаведените права, контактирајте го нашиот офицер за заштита на личните податоци на info@mkb.mk и ние ќе Ви одговориме.
Ако и покрај сите овие можности и права во било кој случај останете незадоволни, можете да поднесете претставка/жалба за начинот на кој ги обработуваме Вашите лични информации до Агенцијата за заштита на личните податоци. Повеќе информации за начинот на кој можете да се жалите на: www.azlp.mk
Посетувате настан, учесник сте на семинар или работилница или сте дел од анкета
Цел и законски основ за обработка:
Нашата цел за собирање на овие информации, односно лични податоци е да можеме да го реализираме настанот кој што го организираме и да Ви обезбедиме соодветна и прифатлива услуга.
Законската основа на која се потпираме за обработка на вашите лични податоци за овие цели е Вашата согласност, а во некои случаи и легитимен интерес.
Она што ни треба, односно што треба Вие да го знаете во ваков случај е:
Доколку сакате да присуствувате на некој од нашите настани, од Вас ќе биде побарано да ги дадете Вашите информации, односно лични податоци за контакт, вклучувајќи го и називот на Вашата организација/институција и доколку Ви се потврди присуството, може да побараме и одредени информации за Ваши преференции околу исхрана и освежување доколку се работи за настан кој се држи со физичко присуство. Ние исто така може да побараме плаќање ако има предвидено надомест за присуство.
Зошто ни требаат овие информации?
Ние ги користиме овие информации за да го олесниме одржувањето на настанот и да Ви обезбедиме квалитетна услуга. Исто така, ни требаат овие информации односно Ваши лични податоци за да можеме да комуницираме или да Ви одговориме на некое Ваше барање.
Ние не ги споделуваме овие информации, односно лични податоци со никој и ги бришеме веднаш по завршувањето настанот, а најмногу во рок од 30 дена, освен доколку не постојат законски пречки за тоа.
Ние не објавуваме списоци со учесници за настани.
Колку долго го чуваме вашите личи податоци?
Кога ја посетувате нашата веб-страница www.mkb.mk вашиот прелистувач автоматски испраќа информации до серверот на нашата веб-страница, која е привремено зачувана во датотека и автоматски се брише по 3 дена.
За Колачињата (Cookies)
Cookies (“колаче”) се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на Нашата веб страна со што се овозможува побрз пристап. Исто така, во одредени случаи запишуваме информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на интернет страниците според Вашите потреби и навики.
Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ ќе бидат искористени само за потребите на веб страницата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена.
Со користењето на оваа веб страница, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите во наведени во Политиката за приватност и колачиња на МКБ.
Зошто користиме колачиња (Cookies)?
На оваа веб страница користиме колачиња (Cookies) од следниве причини:
За техничко функционирање на веб страницата;
За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (Cookies) на оваа веб страница.
Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на МКБ сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.
Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна: Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.
Каков вид на колачиња (Cookies) користиме?
Користиме постојани колачиња (Cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.
Изборот на cookies го правите преку опцијата – Cookie settings, на почетниот екран од веб страницата на МКБ.
Информации како да ги оневозможите колачињата за сите веб страници?
Менито „Помош“ („Help“) во лентата со алатки на Интернет пребарувачот на Вашиот компјутер ги дава следниве информации за корисниците:
• Како да го спречите прифаќањето на нови колачиња во пребарувачот;
• Како да го поставите пребарувачот да ве извести кога ќе примите ново колаче;
• Како целосно да ги исклучите колачињата.
Постојат многу онлајн информации за колачиња во случај да сакате да прочитате повеќе, како што е: http://www.allaboutcookies.org (на англиски јазик).
На пример, ако користите Internet Explorer верзија 11.0, морате да го направите следново:
• изберете „Settings“, а потоа „Internet Options“;
• кликнете на табулаторот „Privacy“;
• со помош на лизгачкото мени да ги изберете опциите што ги преферирате.