Сопствен извештај за физички лица
Сопствен извештај
Проверка на кредитна задолженост се прави преку Сопствениот извештај кој го издава МКБ.
Сопствен извештај е документ во писмена или електронска форма, изготвен врз основа на податоци за обврските на физичките или правните лица, доставени од Давателите на податоци.
Преку овој извештај може да се провери дали и каде едно физичко лице има обврски по основ на кредити, жирантства, дозволено пречекорување на трансакциски сметки, платежни картички, даноци, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, обврски по основ на користење на други услуги, како и да се провери историјата на доцнења на секоја обврска поединечно во период од последни 24 месеци.
Во Сопствениот извештај се содржани истите податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време кои се наоѓаат и во Извештајот за блокада на трансакциска сметка.
Секое физичко лице може да побара и добие Сопствен извештај само за себе лично. Сопствениот извештај се добива онлајн преку МОЈ.МКБ порталот со отворање личен кориснички профил на следниот линк, или лично во било која експозитура на Централна Кооперативна банка АД Скопје, ТТК банка АД Скопје и Силк Роуд банка АД Скопје, ширум земјата.