Меѓународни извештаи

МКБ во соработка со Италијанското кредитно биро CRIF S.P.A, нуди единствена можност на македонските компании да побараат меѓународни извештаи со бонитетни информации за повеќе од 200 милиони компании од над 230 земји од целиот свет. Извештаите се наменети за сите македонски компании кои се вклучени во меѓународни односи со партнери, клиенти и добавувачи од целиот свет.

Меѓународните извештаи овозможуваат брз и ефикасен увид во деловната и финансиска способност на одредена компанија со што се намалува ризикот во соработката со сегашните и идните деловни партнери.

За користење на услугата Меѓународни бонитетни извештаи потребно е да имате потпишано Договор за меѓународни услуги со Македонско кредитно биро. За секој поединечен Меѓународен извештај се пополнува Барање за меѓународен извештај. Бараниот извештај го добивате на e-mail адресата наведена на Барањето, по извршената уплата согласно Тарифата на надоместоци за меѓународни услуги. Извештајот го добивате истиот ден или во рок од 2-12 денови, во зависност од достапноста на податоците за компанијата за која сте побарале извештај.

Меѓународните извештаи најчесто содржат:
-Профил на компанијата
-Кредитна оценка
-Процена на ризик
-Негативни настани
-Историјат на промени
-Финансиски податоци
-Управувачка структура
-Сопственичка структура
-Поврзани субјекти
-Регистарски информации
-Подружници и канцеларии
-Банкарски сметки

Содржината на извештаите се разликува во зависност од достапноста на податоците во државата од која е правното лице за кое се пребарува. Меѓународните извештаи се достапни на англиски јазик.

Листа на држави од кои се достапни извештаи за странски компании:
– Албанија, Бугарија, Словенија, Србија, Хрватска
– Босна и Херцеговина
– Германија
– Грција
– Италија
– Велика Британија
– Европа1 (Австрија, Полска, Словачка, Република Чешка, Швајцарија)
– Европа2 (други држави од западна Европа)
– Европа3 (други држави од централна и источна Европа)
– Европа4 (Нордиските земји, Турција)
– Африка
– Латинска Америка
– Азија
– Среден Исток
– Северна Америка
– Океанија и други земји