Сигурни сме дека ова се прашања со кои многумина се соочуваат – и бизнисмените и физичките лица затоа што живееме во време во кое е исклучително тешко сѐ да се држи под контрола. Во ситуации во кои секој од нас се соочува и со светската криза, со рецесијата, со војната на европското тло, енергетската криза и уште ред неочекувани, но тешки епизоди, важно е да постои макар една сигурна информација која што ќе даде вистинска насока и со која ќе може полесно да се дојде до решение.
Правејќи анализа на наведената состојба, дојдовме и до Македонското кредитно биро коешто управува со единствен систем во кој се врши собирање, обработување и размена на податоци за обврските на правните и физичките лица во реално време и дава информации за задолженоста и редовноста во подмирувањето на обврските кои се неопходни за обработка на детални извештаи за финансиската стабилност. А тоа значи дека нема веќе недоумици околу изборот на новите бизнис-зделки и партнери, извештаи за бонитет, ниту заборавени рати, трансакции, режиски трошоци или задолжувања со брзи кредити. Кај нив сите информации се проверени, точни и ажурирани во реално време.
Досега познати по Корпоративно-бонитетниот извештај, Сопствениот извештај за физички лица и Сопствен извештај за правни лица, од скоро време МКБ се појавува и со новиот исклучително прегледен и лесен за употреба портал Мој.МКБ.мк со кој, како што истакнуваат, секој правен субјект да може да направи детално пребарување на сите правни субјекти по единствени параметри за пребарување кои корисниците сами ги избираат. Со новите единствени модели на пребарување, правните лица може да ги добијат само оние информации кои се од значаен интерес за нивниот бизнис, преку систем на користење поени, со кој можат да направат преглед на основните информации за една компанија: адреса, седиште, година на основање, сектор, дејност, големина, сопственост, тип на компанија; блокада на трансакциски сметки; финансиска изложеност на компанијата кон други компании, банки, финансиски друштва и државни органи; финансиски показатели за три последователни години; информации за правниот статус на компанијата и објави за стечај и ликвидација; споредба на компании и нивно рангирање; филтрирање на компаниите по сектор, дејност, број на вработени, приходи, профит, изложеност и многу други критериуми.
Со еден збор, преку овој портал, бизнис-заедницата и правните лица добиваат одлична алатка која може да ја употребат пред секое носење одлуки или за добивање информации и за своите обврски.
Дополнително, преку целосно редизајнираната веб-страница МКБ АД Скопје – Македонско кредитно биро (mkb.mk) се овозможува брз и лесен пристап до информациите за финансиските обврски на сите физички и правни лица во Македонија.