Корпоративен извештај

Извештајот за бонитет овозможува брз и лесен пристап до податоци за сегашните и/или идните потенцијални деловни партнери, кои ќе Ви помогнат да носите сигурни деловни одлуки, да го унапредите секојдневното работење и да го намалите ризикот при деловното одлучување преку селекција на солвентни клиенти и партнери. Корпоративниот – бонитетен извештај на МКБ, содржи:

1. Семафор-индикатор кој ја покажува деловната подобност во 3 бои (зелена, жолта и црвена). Оценката која боја ќе му припадне на субјектот се одредува според однапред одредени критериуми, меѓу кои се правниот статус на компанијата од аспект на тоа дали е активна, во блокада на трансакциска сметка во реално време, финансиските показатели од работењето, задолженоста и редовноста во подмирувањето на обврските и сл.

2. Задолженост и редовност во подмирувањето на обврските, кои се ажурираат на дневно и месечно ниво (извор на податоци е базата на МКБ)

3. Податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време, кои се ажурираат во моментот на генерирање на извештајот (извор на податоци е Единствениот регистар на трансакциски сметки)

4. Тековни состојби на правни субјекти во реално време, кои се ажурираат во моментот на генерирање на извештајот.

5. Клучни финансиски показатели за приходите, расходите и финансискиот резултат од работењето на пребаруваната компанија за три последователни години

Извештајот може да го извадите поединечно без претплата на корпоративен пакет или со претплата на Годишен корпоративен пакет.

Како до Корпоративен – бонитетен извештај?
Регистрирајте се како правен субјект на порталот Мој.МКБ МојМКБ (mkb.mk).
Треба да потпишете Договор за соработка со МКБ.

Оригиналниот Договор во 2 примероци дополнително доставете го на нашата адреса:
ул. Даме Груев бр. 14, 1000 Скопје, Р. Македонија.

Корпоративен извештај (Примерок 1)
Корпоративен извештај (Примерок 2)

Korporativen