ЕСГ платформа

ЕСГ – вашиот чекор кон одржлив бизнис

Преку платформата на Мој.МКБ, компаниите едноставно, дигитално и без надомест можат да го пополнат својот ЕСГ прашалник и да ја покажат својата посветеност на одговорно работење.

Naslovna
За да пристапите кон ЕСГ платформата потребно е:

2

Да ја пополните и потпишете Изјавата

3

Да ја испратите на esg@mkb.mk
За кого е наменета ЕСГ платформата
ZaKogoENameneta 1
За сите компании што сакаат да го следат пулсот на својата одржливост

ЕСГ модулот е достапен за сите правни лица – без разлика на дејност или сектор. Средните и големите компании, кои имаат обврска или интерес за известување, можат да го користат овој модул за систематско пополнување на ЕСГ прашалникот и прикачување на релевантни документи. 

Банките имаат директен пристап до податоците, што овозможува транспарентност и доверба во процесот на кредитно оценување.

Зошто да користите ЕСГ преку Мој.МКБ
Повеќе од алатка – партнер во вашиот развој

Бесплатен пристап за сите компании
Брзо пополнување и електронско архивирање
Достапност на претходно пополнети прашалници
Можност за прикачување на релевантна документација (ISO стандарди, политики, сертификати)
Безбедна размена на податоци со банките преку платформата Мој.МКБ

Зошто да користите ЕСГ преку Мој.МКБ
Како функционира ЕСГ прашалникот
Како функционира ЕСГ платформата
Интерактивен и флексибилен процес

Прашалникот е прилагоден според големината на компанијата и опфаќа пет тематски целини.
Може да се пополнува за секоја извештајна година, со можност за преглед и измена во рок од 30 дена.
Сите прикачени документи се зачувуваат во дигитална архива – достапни за вас и за банките на кои им одобрувате увид.

 
Општи услови и заштита на податоците

Транспарентност и сигурност во секој чекор. Користењето на ЕСГ модулот е уредено со посебни Општи услови за користење на ESG платформата и доставување ESG податоци на платформата Мој.МКБ. Податоците што ги внесувате се заштитени и се користат единствено за целите на ЕСГ известувањето.

OpstiUslovi 1