ЕСГ платформа

ЕСГ – вашиот чекор кон одржлив бизнис

Преку платформата на Мој.МКБ, компаниите едноставно, дигитално и без надомест можат да го пополнат својот ЕСГ прашалник и да ја покажат својата посветеност на одговорно работење.

Naslovna
За да пристапите кон ЕСГ платформата потребно е:

2

Да ја пополните и потпишете Изјавата

3

Да ја испратите на esg@mkb.mk
За кого е наменета ЕСГ платформата
ZaKogoENameneta 1
За сите компании што сакаат да го следат пулсот на својата одржливост
ЕСГ модулот е достапен за сите правни лица – без разлика на дејност или сектор. Средните и големите компании, кои имаат обврска или интерес за известување, можат да го користат овој модул за систематско пополнување на ЕСГ прашалникот и прикачување на релевантни документи.
Банките имаат директен пристап до податоците, што овозможува транспарентност и доверба во процесот на кредитно оценување.
Зошто да користите ЕСГ преку Мој.МКБ
Повеќе од алатка – партнер во вашиот развој

➔ Бесплатен пристап за сите компании
➔ Брзо пополнување и електронско архивирање
➔ Достапност на претходно пополнети прашалници
➔ Можност за прикачување на релевантна документација (ISO стандарди, политики, сертификати)
➔ Безбедна размена на податоци со банките преку платформата Мој.МКБ

Зошто да користите ЕСГ преку Мој.МКБ
Како функционира ЕСГ прашалникот
Како функционира ЕСГ платформата
Интерактивен и флексибилен процес
Прашалникот е прилагоден според големината на компанијата и опфаќа пет тематски целини.
Може да се пополнува за секоја извештајна година, со можност за преглед и измена во рок од 30 дена.
Сите прикачени документи се зачувуваат во дигитална архива – достапни за вас и за банките на кои им одобрувате увид.

За полесно и попрецизно пополнување, достапно е Упатство за пополнување на ЕСГ прашалникот, кое може да го преземете тука.
Општи услови и заштита на податоците
Транспарентност и сигурност во секој чекор. Користењето на ЕСГ модулот е уредено со посебни Општи услови за користење на ESG платформата и доставување ESG податоци на платформата Мој.МКБ. Податоците што ги внесувате се заштитени и се користат единствено за целите на ЕСГ известувањето.
OpstiUslovi 1