Македонско кредитно биро-основа за сигурен бизнис

Споделете го постот

[vc_row][vc_column width=”4/5″][vc_empty_space height=”30px”][vc_column_text]Корпоративно-бонитетен извештај
Откако светот се соочи со пандемијата на Ковид-19, условите и начините на работа што ги познававме значително се изменија, а воедно сведоци сме и на сегашната воена криза во Украина, која веќе предизвикува големи економски промени во светски размери. Но иако во зоната на непознатото и неизвесното, фирмите и понатаму имаат потреба да продолжат со работата, обидувајќи се да ги намалат последиците од кризите. Во овие услови, од исклучителна важност им се точните информации врз основа на кои можат да ги реализираат своите бизнис-планови.
Македонското кредитно биро на компаниите им нуди неколку важни извештаи за правни лица, преку кои се добива детален увид на финансиските обврски, односно задолженоста на фирмите, што претставува извонредна можност за редуцирање на ризиците. Македонското кредитно биро – МКБ е прво и единствено кредитно биро чиишто извештаи се целосни и точни, а се однесуваат на обврските по основ на кредити, акредитиви, заеми, платежни картички, осигурување, гаранции, обврски по основ на даноци, услуги од областа на енергетиката и уште многу други.
Еден од најзначајните извештаи кој е од особена важност за компаниите и намалувањето на ризикот при нивното работење е Корпоративно-бонитетниот извештај. Ова е извештај кој нуди податоци за задолженоста и редовност во подмирувањето на финансиските обврски, податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време, тековни состојби на правни субјекти како и клучни финансиски показатели за приходите, расходите и финансискиот резултат од работењето за три последователни години.
Корпоративниот-бонитен извештај е единствен ваков извештај на македонскиот пазар преку кој можете да ги проверувате сите правни субјекти во земјата и кој овозможува најреална слика за работењето и статусот на сегашните или идните деловни партнери.[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/12″][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row]

Мој.МКБ- нов портал

Сите услуги на едно место.

More To Explore

МКБ Новости

Со сигурен чекор кон нови бизнис зделки

Дали е ова вистинскиот момент за започнување на нова бизнис зделка? Постои ли начин на кој може да се дознаат потребните информации за идниот бизнис -партнер, но и моменталната финансиска состојба на сопствената фирма? Или можеби не сте сигурни дали сте ги подмириле сите обврски, задолжувања, кредити, заборавени сметки…

Заинтересирани сте за нашите услуги