[vc_row][vc_column width=”4/5″][vc_empty_space height=”30px”][vc_column_text]Во рамките на кампањата “Глобалната недела на пари”, со цел да се зголеми финансиската писменост кај младите, МКБ АД Скопје имаше едукативни сесии со учениците од средното економско училиште Васил Антевски Дрен. Сесијата ја водеше Лилјана Соколовска Цветковска, самостоен советник за продажба и маркетинг во МКБ. На оваа сесија се зборуваше за важноста на финансиската писменост кај младите и финансиска едукација почнувајќи од најраната возраст. МКБ преку оваа сесија им овозможи на младите да ja осознаат улогата на оваа институција и како да ги користат услугите и придобивките од нивното користење. Водени од самото мото на глобалната кампањата “Грижи се за себе, грижи се за своите пари” истканавме дека “најбитно е прво да се грижиме добро за себе, бидејќи така ќе можеме да се грижиме за своите пари”.
Потенциравме дека значењето на навременото подмирување на обврските за кредити, за сметки за телефон, вода, режиски трошоци и други обврски, иако предизвикува непријатно чувство, е круцијално за добро финансиско здравје. МКБ речиси 13 години претставува личен асистент на голем број физички и правни лица по основ на обврски, кој преку собирање, обработка и размена на податоци, изготвува извештаи за задолженоста.
Погледни ја сесијата: https://lnkd.in/daaiBar[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/12″][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row]

МКБ Новости
Глобалната недела на парите: Финансиската информираност е првиот чекор кон сигурни одлуки
Во рамки на Глобалната недела на парите (Global Money Week), Македонско кредитно биро потсетува дека сигурноста во финансиите не е прашање на чувство, туку на факти и навремени информации. Во услови кога и најмал пропуст може да влијае врз важни животни и деловни одлуки, пристапот до точни податоци станува неопходност.
